КАПСУЛАТА „ОРИОН“ СЕ ВРАЌА ДОМА ПО КРУЖЕЊЕТО ОКОЛУ МЕСЕЧИНАТА, НА ЗЕМЈАТА ЌЕ ПАДНЕ В НЕДЕЛА ВЕЧЕР

Флорида, (АП)
NASA's Orion spacecraft flew past the moon on Monday, December 5, 2022. The crew capsule and its test dummies will aim for a Pacific Ocean splashdown on Sunday, December 11, 2022, off the coast of San Diego after a three-week test flight, setting the stage for astronauts on the next flight in a couple years. (NASA via AP)

Капсулата на НАСА „орион“ го започна своето враќање дома откако одблиску направи полн круг околу Месечината. Она што досега беше многу успешен демонстрациски лет треба да заврши в недела, кога „орион“ ќе падне во Пацифичкиот Океан.

Оваа мисија беше без човечка посада, но планирано е астронаутите да летаат со „орион“ кон крајот на следната година.

Капсулата во најблиската точка беше оддалечена 130 километри од површината на Месечината и на првиот пробен лет се тестираа маневри и системи кои подоцна ќе се користат во програмата „Артемис“.

Најисчекуваната мисија е „Артемис-3“, која треба да ги врати луѓето на Месечината по повеќе од пет децении пауза. Ова би можело да се случи на крајот на 2025 или во 2026 година. Сепак, целиот план зависи од тоа дали сегашниот тест ќе помине без инциденти.

Орион“ беше лансиран од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида на 16 ноември и отиде 430.000 километри од Земјата, најдалеку што патувало едно летало дизајнирано да носи човечки екипаж.

НАСА го опишува враќањето како приоритет број еден на мисијата. Инженерите сакаат да видат доказ дека леталото може да ја преживее жештината при повторното влегување во Земјината атмосфера. „Орион“ притоа ќе достигне брзина од 39.500 километри на час. Контролираниот пад покрај брегот на Калифорнија треба да се случи в недела вечер по македонско време.

(Фото: НАСА)