Претесна беше салата на приватниот универзитет ФОН во Скопје на промоцијата на книгата на новинарот Томислав Кежаровски „Живот во кутија“.
Ова е прва книга на Кежаровски во која тој ги бележи деновите поминати во притвор во затворот во Шутка. На промоцијата, покрај многуте пријатели и колеги беа присутни и колегите од притворското одделение во Шутка кои Кежаровски посебно ги поздрави со име и презиме.
Тој беше обвинет и осуден на 4,5 години затвор за наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок, кој самиот на суд призна дека дал лажен исказ под притисок на полицијата. Тој помина седум месеци во притвор во „Шутка“ и 15 месеци во куќен притвор.
Промоторот на книгата, новинрот Синиша Станковиќ рече: „Таков каков што го дал Господ, Кежо не сонува за одмазда и затоа пишува – Ќе ми треба доволно милост да им простам за гревовите“
Кежаровски рече дека во затворот пишувал на кутии од цигари, на тоалетна хартија, на картони и на сѐ што ќе нашол.
На промоцијата беше и премиерот Зоран Заев.
Г. ТРПЕНОСКИ