Во Велес беше промовирана е монографијата „Кон творештвото на Васил Тоциновски“ од Васил Дрвошанов.
„Задоволство е да се истражува делото на Тоциновски. Тој е велешки бренд во Македонија. Тоциновски е европски автор,а наш човек. Ние не почитуваме вредности. Неговото дело треба да се почитува дека е многу слоевито, со различен жанр, со различни теми. Неговиот интерес е за автори од втората половина на 19. век и првата половина на 20. век. Но, се осврнува и на автори од подоцнежниот период. Тој е дводомен автор, бидејќи пишува за хрватски автори и на хрватски јазик. За македонската книжевност е ненадминат автор но и најпродуктивен во неговата област-книжевноста и културата“, кажа авторот на монографијата Васил Дрвошанов.
Авторот низ 24 студии на 420 страници го прикажува релевантното во литературата за научната историја. За значењето и вредноста на делото говореше промоторот Мишо Китановски, осврнувајќи се на богатото творештво и трајниот белег што Tоциновски го остава во македонската книжевност и култура.
„Мојата најголема љубов и предизвик се дводомните автори. Низ историската димензија, се поставува прашањето дали секој заслужува да има држава. Одговорот е само тој кој ја пролеал сопствената крв, заслужува држава. А Македонија пролеала многу крв за својата слобода и иднина“, рече Тоциновски за неговиот предизвик во истражувањето на значајни македонски литературни творци. Тој годинава полни 80 години.
П. ПЕЧКОВ