КИДНАПИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕМИЕР ГО ЗАТВОРА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со премиерата на македонскиот филм „Еј!“ на режисерот Васил Христов, вечерва во 20 часот во киното Милениум се затвора 17. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс.

Режисерот за филмот вели дека е политичка сатира, снимен во периодот од 24 декември 2008 до 3 февруари 2009 година.

„На една ноќна забава, група пријатели имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики, но место него, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија. Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на Владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, додека спиел до сопругата. Земјата е во состојба на готовс. Преку ноќ, групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник“, е дел од содржината.

„Шкртице“ својот деби албум го објави во декември 2016

Соработници на сценариото биле актерите Оливер Митковски и Николина Кујача, кои и играат во филмот, заедно со Кирил Коруновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска и Кирил Поп Христов.

Забавата за крајот на фестивалот е од 23 часот во Младински културен центар, со настапот на белградската група „Шкртице“. Бендот основан во 2016 година го предводи Зоран Костиќ-Цане од „Партибрејкерс“.