КИНА ОТВОРИЛА 581 КМ НОВИ ПРУГИ ВО ПРВИТЕ ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОД 2022

Пекинг, (АФП)

Кина отворила 581 километар нови пруги во првите четири месеци од годината, вклучувајќи 358 километри за брзата железница, соопшти Кинеската група за државни железници.

Според групата, државата во тој период вложила 157,46 милијарди јуани (23,2 милијарда долари) во основните железнички средства, што е 0,6% повеќе во споредба со лани.

Паралелно со напорите за контролирање на епидемијата на коронавирусот, Кина активно ги спроведуваше железничките проекти меѓу 102 големи проекти вклучени во 14. петгодишен план на земјата. Тој вклучува изградба на новиот меѓународен копнено-морски трговски коридор и зголемување на капацитетот на товарните возови помеѓу Кина и Русија.