КИНЕСКИОТ РОВЕР ИСПРАТИ СЕЛФИ ОД МАРС

Пекинг, (Би-Би-Си)

Кинескиот ровер „Журонг“ испрати голем број слики од Марс, вклучувајќи и селфи.

Првото кинеско летало на Марс, каде што се спушти во мај, поставил безжична камера на почвата, по што малку се вратил наназад и направил фотографија. Десно од роверот се наоѓа платформата на ракетен погон што му обезбеди меко слетување.

„Журонг“ испрати и фотографии од својата околина, што ги објави Кинеската вселенска агенција.

Научниците се надеваат дека „Журонг“, кој тежи 240 килограми, ќе остане во служба 90 Марсовски дена. Неговата мисија е да ги испита геологијата и климата на Марс.