Лаи Чи-ваи искачи повеќе од 250 метри на облакодер во Хонгконг во инвалидска количка, дигајќи се со помош на јаже. Тој десет часови се искачуваше со цел да собере пари за пациентите со повреда на ‘рбетниот мозок.
Триесет и седумгодишниот Лаи, кој останал парализиран по сообраќајна несреќа пред 10 години, сепак, од безбедносни причини не успеа да се искачи до врвот на 300 метри високата кула „Нина“.
„Бев многу исплашен. Едно е да се качуваш по карпа, каде што можам да се задржувам на камења или процепи, а друго е на стакло. Единствена потпора ми беше јажето на кое бев закачен“, изјави Лаи, кој е поранешен азиски шампион во качување на карпа.
Со искачувањето, тој собра 670.630 долари преку донации.
„Некои луѓе не ги разбираат тешкотиите на лицата со посебни потреби. Некои мислат дека ние сме секогаш слаби, дека ни треба помош, милост на луѓето. Сакам да им кажам на сите, не мора да биде така“, порача тој.