КИНОТЕКАТА ГИ ОТВОРА ДЕПОАТА ЗА ЈАВНОСТА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУДИОВИЗУЕЛНОТО НАСЛЕДСТВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кинотеката на Северна Македонија денеска го слави Светскиот ден на аудиовизуелното наследство и во чест на мотото на оваа глобална манифестација „Вашиот прозорец кон светот“, ги отвора своите работни простории и депоа за студентите, учениците, колегите од сродните институции, како и за љубопитните граѓани.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го одбележа и со промоцијата на книгата „Антонио Митриќески: Хроника на еден филмски сон“ од Стојан Синадинов. Книгата е издание на Кинотеката и е микс од монографија, биографија, мемоарска проза и критички осврти.

Одбележувањето на овој ден го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуелното наследство.