КИПАР ЈА ИМА НАЈЧИСТАТА ВОДА ЗА КАПЕЊЕ ВО ЕВРОПА, ХРВАТСКА Е БРОЈ ЕДЕН ЗА МОРСКА ВОДА

САД, (Си-Ен-Ен)

Добра вест за љубителите на пливањето: мнозинство од местата за капење во Европа имаат одличен квалитет на водата, според новиот извештај на Европската агенција за животна средина.

За пливање во море, Хрватска ја има најчистата вода, па следат Кипар, Грција и Словенија. Што се однесува до водата во реките и езерата, Бугарија, Грција, Ирска и Романија се изедначени на првото место, а Австрија и Финска се зад нив.

За најчисти води севкупно, Кипар е на првото место, пред Австрија и Хрватска.

Париз потроши 1,5 милијарди долари за чистење на реката Сена за Олимпијадата и таму на крајот и се одржаа предвидените натпревари.