Книгата „Пат во рајот“ од македонскиот писател Томислав Османли е објавена во Србија, негов шести наслов преведен на српски.
Станува збор за книга со три драмски текста со теми меѓу војната и надежта, кои според изборот и предлогот од авторот, на српски јазик ги преведе Александар Турунџиќ, а ги објави новосадски „Прометеј“.
Книгата ги содржи драмите на Османли „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“.
Неделникот „Нови Магазин“ од Белград деновиве објави разговор со Османли, насловен „Иднината не се досегнува со движење во круг“. Разговорот го води новинарката, уредничка, преведувачка и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ.
Српската објава на книгата драмски текстови „Пат во рајот“ на Османли беше поддржана од програмата и комисијата за објава на македонски книги во странство на при Министерството за култура.