КОНЦЕРТ НА БРИТАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КАНЕ-МОЈСОН НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Британската пијанистка Исата Кане-Мејсон ќе настапи вечерва (26 јули) на Охридско лето, во 21 часот во црквата „Света Софија“.

Од Фестивалот велат дека Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хајдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, како и на Гершвин и делата од современите композитори. Во репертоарот со оркестар таа изведува дела од класичниот репертоар, како концертите на Феликс Менделсон и на Бетовен, но и од романтичната ера и од 20 век, како оние на Прокофјев и Рахманинов.

Кане-Мојсон во 2024/25 година соработува со бас-баритонот Џералд Финли на концертите во Чешка и во Германија, настапува рецитално на фестивалот во Луцерн, како и на турнејата низ САД и остварува концерти со филхармониските оркестри во Лондон, Берген, Бремен и Дуизбург, како и со Симфонискиот оркестар на Северна Каролина, на турнејата со „Штадскапеле Вајмар“ и со оркестарот „Резиденцие“ од Хаг.

Кане-Мојсон е екслузивен уметник на издавачката куќа „ДЕКА“ за која веќе има снимено четири албуми, а последниот е посветен на музиката на Феликс Менделсон и на неговата сестра Фани Менделсон.