КРУГ И ФЕНИКС КАКО ИНСПИРАЦИЈА ЗА НОВИТЕ ДЕЛА НА СКУЛПТОРОТ МАРЈАН СТОЈАНОСКИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)
KODAK Digital Still Camera

Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложба на најновиот циклус скулптури на Марјан Стојаноски, насловена „Феникс 3“. Делата се изработени од метал, челик, ростфрај и обработен лим, а некаде надополнети со огледала. Како доминантен мотив во своите дела авторот го става кругот кој најмногу асоцира на симболиката на Феникс, кругот како симбол на бесконечноста.

„Скулптурите на Стојаноски се во склад со новото време, новите трендови во уметноста и скулптурата. Тој со своите дела реферира на нешто динамично, циклично, обновувањето и повторното раѓање, како Феникс кој се издигнува од својата пепел. Техниката на заварување на металот му овозможува да ги надградува своите скулптури, склопувајќи ги од повеќе конструктивни елементи различни по форма, структура и големина, кои подоцна ги обединува во една целост, во посложени композициски целини“, рече историчарката на уметност Елица Николова, отворајќи ја изложбата.

Стојаноски е роден во Прилеп, средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје, во класата на професорот Беди Ибрахим.

П. ПЕЧКОВ