Во рамките на Интернационалниот фестивал на народни игри „Илинденски денови“, културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола на платото пред Офицерскиот дом одржа целовечерен концерт на кој го презентираше музичко-сценскиот проект „На панаѓур: ора и песни од јужномакедонската етнографска целина – Јужно играорно подрачје”.
Во автентична облека и со традиционални инструменти, играорците ја оживеаја традицијата од југот на Македонија. Настапот предизвика аплаузи и овации, а и заедничко чувство на гордост за културното наследство на Македонија. Оваа извонредна вечер беше доказ за трајната моќ на народните традиции да обединуваат и инспирираат.
Ж. ЗДРАВКОВСКА