ЛАНИ НА СЕКОИ ШЕСТ СЕКУНДИ СЕ УНИШТУВАЛА ШУМА СО ГОЛЕМИНА НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН

Лондон, (Би-Би-Си)

Постари, тропски шуми богати со јаглерод продолжуваат да се уништуваат со застрашувачко темпо, покажуваат сателитски податоци.

Минатата година, шумска област со големина на фудбалски терен била уништувана на секои шест секунди, се вели во истражувањето на Универзитетот Мериленд за дрвјата повисоки од пет метри.

На Бразил отпаѓа една третина од вкупните уништувања, откако земјата ги претрпела најголемите загуби на шумскиот фонд во последните 13 години, изземајќи ги пожарите од 2016 и 2017 година. Како последица на катастрофалните пожари на крајот на 2019, загубата на дрвјата во Австралија шесткратно се зголемила.

Тропскиот појас изгубил 11,9 милиони хектари шума, од кои 3,8 милиони биле со стари дрвја.

„Нивото на уништувањето на шумите што го видовме во 2019 е неприфатливо, особено затоа што знаеме како можеме да го промениме тоа. Но, за тоа се потребни добри политики на владите“, изјави Френсис Симор од институтот „World Resources“.