ЛАРА ИВАНОВА СНИМИ НОВИ ПЕСНА И СПОТ КОЈ Е КАКО ПРИКАЗНА ОД 1990-ТИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Лара Иванова ја промовираше новата песна „Ме сакаш кога ме немаш”, за која сними и спот. Режисер е Томислав Живковиќ, а пејачката вели дека ѝ се исполнила желбата спотот да биде во стилот на 1990-тите. Музиката и текстот се на Иванова и на Лазар Цветковски.

За една година, песната „Бела“, која Иванова ја пее во дует со Христијан Настески-Пајак, стаса до 26 милиони прегледи на Јутјуб. Со оваа песна, тие настапија на ланскиот Макфест, а годинава ја добија наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала.

„Никогаш не помислив дека оваа песна ќе стане толку голем хит и ќе има толку прегледи. Како некое непишано правило е дека кога не се надеваш, песната станува хит. Ми се случи да снимам уште една песна така спонтано како ‘Бела’, ‘Некогаш ќе помине’, и таа стана хит и има над еден милион прегледи“, ни изјави пејачката во Штип, пред да настапи на Макфест.