ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ДОБИВА НОВ ФОРМАТ, 36 ЕКИПИ ЌЕ СОЧИНУВААТ ЕДНА ГОЛЕМА ТАБЕЛА

Нион, (Дојче веле)

УЕФА и официјално го претстави новиот формат на Лигата на шампионите, кој ќе дебитира следната сезона. Место 32, отсега ќе има 36 екипи, поделени во четири групи со по девет клуба, кои ќе сочинуваат една голема табела.

Во првата фаза секој клуб ќе одигра по осум меча, против два тима од секоја група и ќе собира бодови за пласман во следната фаза.

Квалификациите за ЛШ ќе бидат отворени, во зависност од пласманот на клубот во домашното првенство и од националниот коефициент.

Бидејќи сите екипи ќе играат лига, првите осум ќе одат директно во осминафиналето, а клубовите пласирани од 9. до 24. место ќе играат уште две средби (дома-гости) за пласман меѓу најдобрите 16. Екипите од 25. до 36. место ќе ја завршат сезоната, зашто веќе нема да има утешен пласман во Лига Европа.

(Фото: ДПА)