Разни типови обувки со недели исчезнуваа од дворовите на домовите во берлинската населба Целендорф, пред еден локален жител да го открие идентитетот на крадецот.

(Фото: Твитер)

Мистеријата била решена откако Кристијан Мејер снимил лисица како носи две влечки во устата, по што било откриено дека таа украла над 100 обувки. Во нејзината колекција биле пронајдени влечки, сандали и патики.

Токму Мејер ја алармирал населбата откако забележал дека му недостига една патика, по што дознал дека не е единствениот со таков проблем. Иако го открил скривалиштето на крадецот, Мејер не успеал да ја пронајде својата патика.