Вечерва во 20 часот, во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се одржи 21. издание на музичко-сатиричното шоу „Златна бубамара на популарноста“.

Ќе се доделат награди во повеќе категории за најдобрите македонски и балкански пејачи, актери, концерти и албуми, а организаторот најави дека наградата за трајни музички вредности ќе ја добие пејачката Маја Оџаклиевска, а „Октет Македонија“ за животно дело.

Годинашно мото е „За подобар живот“, а организаторот најавува добра забава: „Чакам те да дојдеш, чакам те сос бујна страст – нова власт, со иста сласт. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан. Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете, колку и да трае – че си седите!“.