МАКЕДОНИЈА Е ВО ВТОРАТА ФАЗА ОД ЕПИДЕМИЈАТА, КАЖА ФИЛИПЧЕ, ДОДЕКА БРОЈКАТА ЗАРАЗЕНИ ПОРАСНА ЗА 72

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека Македонија влегла во втората фаза од епидемијата на коронавирусот откако бројката заразени денеска надмина 500.

  • На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 63-годишен жител на Лабуништа и тој е 18. жртва на КОВИД-19 во земјата.
  • Во последните 24 часа се потврдени нови 72 случаи на коронавирус, што е најмногу во еден ден.
  • Куманово бележи нов значителен пораст на бројот на заразени, 21 во еден ден, па следуваат Скопје со 14, Тетово со 12, Прилеп со 9, Кочани со 7, Битола и Крушево со по 2, како и еден во Струга, Гостивар, Велес, Штип и Радовиш.
  • Со тоа, вкупниот број на заразени досега порасна на 555, што најмногу отпаѓа на Скопје (235) и Куманово (114).
  • Филипче кажа дека уште тројца пациенти се излекувани (вкупно 23), додека 15 имаат тешка клиничка слика.
  • „Се наоѓаме во втората фаза, со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заразени. И натаму веруваме дека врвот на заразата ќе биде на крајот на април, а проценките се дека ќе има околу 2.000 заболени“, кажа Филипче.
  • На светско ниво досега има 1,24 милиони заразени и речиси 70.000 починати.