МАКЕДОНИЈА ПОКАНЕТА ВО НАТО, ПОД УСЛОВ ДА БИДЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Брисел, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија и официјално доби покана да стане 30. членка на НАТО, објави генералниот секретар Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, додавајќи дека земјата ќе стане членка ако граѓаните го поддржат договорот со Грција кој предвидува уставни измени со името Република Северна Македонија.

Тоа значи дека ова ќе се реализира дури откако Македонија целосно ќе го исполни договорот со Грција, кој подразбира и промена на уставното име.

  • Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кажа дека сите земји-членки на Алијансата се согласиле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори.
  • Македонија ќе стане 30. членка на НАТО, откако ќе се финализира договорот за името.
  • „Нема да станете членка на НАТО, ако не се промени името“, кажа Столтенберг.
  • „Или ќе го поддржите договорот со Грција и ќе влезете во НАТО или нема да го поддржите и нема да се зачлените“, изјави Столтенберг.
  • На Самитот на НАТО во Брисел присуствуваат и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи НиколНикола Димитров.