МАКЕДОНИЈА СЕ БЛИЖИ КОН РЕКОРДНИ БРОЈКИ НА КОВИД ПОЗИТИВНИ, НОВИ РЕСТРИКЦИИ НЕ СЕ ВО ПЛАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Истиот ден откако од Владата кажаа дека засега нема потреба од воведување нови рестриктивни мерки, во Македонија е регистрирана најголемата бројка на новозаразени со коронавирус оваа година.

  • Во изминатите 24 часа, во Македонија се потврдени 1.293 нови случаи на зараза, речиси 300 повеќе во однос на вчера.
  • Речиси половина од нив се во Скопје – 626, па следуваат Прилеп со 88 и Велес со 60.
  • Рекордно многу нови случаи досега се регистрирани на 25 октомври – 1.406.
  • Ковид-19 однесе уште 24 животи, вкупно 3.388 од почетокот на епидемијата.
  • Бројот на активни случаи порасна на 12.819.
  • Иако министерот за здравство Венко Филипче призна дека Македонија се наоѓа среде трет бран, а бројот на заразени за еден месец се зголеми за 5.000, нови рестрикции засега нема да се воведуваат.
  • На сила единствено е полицискиот час од 22 до пет часот.