„Мато Наполетано“ од Скопје се најде на 16. место во годишниот избор на 50-те најдобри пицерии во Европа. Годинашната церемонија се одржа во Мадрид.
„Уживајте во автентичната италијанска кујна, од појадок до вечера, вклучувајќи аперитиви, ручек и закуски, сето тоа во прекрасен амбиент. Ова е суштината на ‘Мато Наполетано*, ресторан и пицерија што нешто повеќе од две години од отворањето се етаблираше како главно место за уживање во италијанските кулинарски традиции во Скопје. Винската листа е забележливо добро избрана, фокусирана на етикети од цела Италија“, велат организаторите на изборот.
Минатата година, „Мато Наполетано“ заврши на 25. место во истиот избор.
За најдобра пицерија во Европа е прогласена „Napoli On The Road“ во Лондон, па следуваат „Sartoria Panatieri“ во Барселона и „Via Toledo Enopizzeria“ во Виена. Во регионот највисоко котира пицеријата „Франко“ во Загреб, која е на 14. место.
(Фото: Фејсбук)