МАЖИТЕ ПРВПАТ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО СИНХРОНИЗИРАНО ПЛИВАЊЕ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

Њујорк, (АП)

На мажите конечно ќе им биде дозволено да се натпреваруваат во уметничко (синхронизирано) пливање на Олимписките игри. Тие ќе дебитираат следната година во Париз во оваа исклучиво женска дисциплина досега, откако со децении можеа да се натпреваруваат само на пониски нивоа.

Според првиот човек на американското уметничко пливање Адам Андраско, околу 100 мажи се натпреваруваат во овој спорт во светот, најмногу во САД, Јапонија, Германија и Кина. Пред четири години ги имало само 25.

„Нема многу земји со квалитетни машки уметнички пливачи, па можеби нема да ги има многу на Олимписките игри. И покрај историската одлука, на многумина мажи им недостига флексибилност потребна за натпреварување на највисоко ниво во овој спорт“, вели Андраско.

Бил Меј беше еден од првите мажи кои се натпреваруваа во синхронизирано пливање кога тоа беше овозможено на Светското првенство во водени спортови во 2015.

„Секогаш постоеше тоа погрешно сфаќање дека ова е само женски спорт или дека не е тежок спорт. Пробајте и ќе видите дека е најтежок на светот“, вели Меј.

(Фото: АП)