ПАРИЗ ЌЕ ГРАДИ ДРВЕН ЦЕНТАР ЗА ВОДЕНИ СПОРТОВИ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО 2024

Париз, (Дезин)

Холандски и француски архитекти го објавија дизајнот на дрвениот комплекс базени во Париз во кој ќе се одржуваат натпреварите од водените спортови на Летните олимписки игри во 2024 година. Тој ќе се гради покрај стадионот „Стад де Франс“ и во него олимпијците ќе се борат за медали во пливање, ватерполо и скокови во вода.

Тоа е единствениот голем објект што ќе се гради специјално за Олимпијадата, зашто сите други настани ќе се одржуваат во веќе постоечки или во привремени структури. Главната сала ќе има дрвен покрив од 80 метри, но со само 50 сантиметри во дијаметар.

Се решивме структурата да ја направиме од дрво затоа што испушта помалку јаглерод диоксид од други материјали, како челик и бетон“, кажаа архитектите.

Ова се вклопува во намерата на организаторите Олимпијадата во Париз да биде најодржлива и најеколошка во историјата.

Покривот ќе биде обложен со соларни панели, со што ќе стане „најголема урбана фотоволтаична фарма во Франција“. Целиот внатрешен простор ќе биде природно осветлен благодарение на стаклените ѕидови.