„Мекдоналдс“ објави дека следната година ќе претстави линија растителни производи кои ќе бидат замена за месо. „Мекплент“ ќе содржи бургери на база на растенија, алтернативи на пилешко и појадок сендвичи.
„Возбудени сме поради оваа можност, затоа што веруваме дека имаме докажано вкусен производ“, изјави Ијан Борден, кој раководи со меѓународните операции на „Мекдоналдс“.
Сепак, „Мекдоналдс“ релативно доцна се придружува на овој пазар, бидејќи конкурентите како „Бургер кинг“ веќе имаат внесено во понудата бургери на база на растенија. „Мекдоналдс“ и натаму најмногу се потпира на своите главни производи „биг мек“, „мекнагетс“ и помфрит, на кои отпаѓаат 70% од продажбите на неговите клучни пазари.