„МЕМОРИЈА“ ПРЕРАБОТИ ЧЕТИРИ НАРОДНИ ПЕСНИ ВО РОК АРАНЖМАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Меморија“ направи преработка на четири македонски народни песни во рок аранжман. Групата ги спои песните „Едно име имаме“, „За многу години Македонци“, „Заветна“ и „Налеј, налеј“ во една со наслов „Македонски бисери“.

Аранжманот е на Петар Георгиевски-Камиказа, Давор Јордановски и Мите Димовски, во чие студио „Тра ла ла“ е снимена песната. Продуценти се Димовски и Јордановски.

Во најава се уште неколку песни кои ќе излезат до скопскиот концерт, кој ќе се одржи на 16 ноември во салата „Борис Трајковски“. На 1 јуни, „Меморија“ ќе има концерт во Штип, на летната сцена на Домот на млади. Неодамна, бендот ја промовираше баладата „За тебе“.