„М“ НА ВАРДАН ТОЗИЈА СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА НА ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО БРАЗИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„М“ на Вардан Тозија освои награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на филмскиот фестивал Фантаспоа во Бразил. Ова беше јубилејното 20. издание на фестивалот во Порто Алегре, кој е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од Европската федерација на фантастични филмови „Мелиес“.

„М“ беше дел од интернационалната селекција на фестивалот, составена од 24 филмови и најавена е негова широка дистрибуција низ Јужна Америка. Филмот претходно ја доби наградата „Златно Реми“ на фестивал во Хјустон, САД.

Вториот долгометражен филм на Тозија е во продукција на „Фокус покус филмс“, поддржан е од Агенцијата за филм и е копродукција на Македонија, Хрватска, Косово и Франција.