Американската компанија која стои зад брендовите „Џејмисон“, „Абсолут вотка“ и „Малибу“ објави дека ќе ги пренамени своите дестилерии за производство на средства за дезинфекција на раце, што потоа ќе ги донира.
Компанијата „Перно Рикард“ кажа дека привремено ќе стави четири свои дестилерии во САД во служба на борбата против коронавирусот. Место алкохолни пијалаци, во нив ќе се произведува гел за раце, што потоа бесплатно ќе се дистрибуира на здравствените власти.
„Борбата против коронавирусот е национален труд. Здравјето и безбедноста на нашите вработени и заедници е наш врвен приоритет. Во нашите погони ќе произведеме големи количества дезинфициенси, што бесплатно ќе бидат дадени на болници и здравствени работници, на кои им е потребен не само сега, туку и во иднина“, соопшти компанијата.
И други помали дестилерии во САД се придружија кон напорите да се обезбедат дезинфициенси на оние на кои им требаат.