МОЏО КИЛИНГТОН СО ОНЛАЈН ПРОМОЦИЈА НА СВОЈОТ ПРВ РОМАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, ќе одржи онлајн промоција на романот „Денот кога не се разбудив“. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Авторот, писател, сценарист и активист на социјалните мрежи ќе се приклучи преку својот профил на Фејсбук. Промоцијата ќе биде интерактивна, па читателите ќе можат да му поставуваат прашања.

„Денот кога не се разбудив“ е негова втора книга, но прв роман, откако лани ја издаде стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ („Арс Ламина“). Книгата ќе биде достапна во книжарниците „Литература.мк“ и ќе може да се нарача онлајн преку www.literatura.mk, каде што ќе биде со 30% попуст.