На 8 јуни во Македонскиот народен театар ќе биде промовиран „Поетроника“, проект на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе. Станува збор за повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо.
„Опфаќајќи ги хронолошки сите генерации македонски поети, ‘Поетроника’ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза на електроника, амбиент, џез елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика“, велат авторите.
Картите се продаваат на билетарницата и онлајн страницата на МНТ.