Младински културен центар во Скопје објави дека собрал 268.900 денари на саботниот настан за помош на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој загинаа над 47.000 луѓе.
Настанот „МКЦ е солидарност!“ вклучи концерти, театарска претстава и аукција на 60-ина уметнички дела донирани од домашните автори, за кои почетна цена беше 3.000 денари. Во музичкиот дел настапија дуото Добрила и Дориан, „Крул“, Џенгиз Ибрахим, Зарина Првасевда, „Калата“, „Занаду“ и „Вагина корпорација“.
Сите собрани средства ќе бидат префрлени на посебно отворената сметка на Црвен крст на Град Скопје.
(Фото: МКЦ)