МНТ И ТЕАТАР КОМЕДИЈА ОД ДЕНЕСКА ЌЕ ПРИКАЖУВААТ ПРЕТСТАВИ НА ЈУТЈУБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонски народен театар (МНТ) од вечерва преку својот канал на Јутјуб ќе почне да прикажува претстави од сопствениот репертоар, во време кога Владата апелира да се седи дома како мерка против ширењето на коронавирусот.

Вечерва во 20 часот ќе се прикаже „Сомнително лице“, една од најпопуларните претстави на МНТ, во режија на Синиша Евтимов. Утре е „Изгубени Германци“ на Слободан Унковски, на 20 март е „Парите се отепувачка“ на Бојан Трифуновски, а потоа ќе можат да се погледнат и „Да тргнеме Сењор“ на Нела Витошевиќ и „Мајсторот и Маргарита“ на Иван Поповски.

Онлајн претстави на својот Јутјуб канал ќе прикажува и Театар Комедија.