ГРАД СКОПЈЕ СЕКОЈ ДЕН ЌЕ ИЗБИРА НАЈДОБРА СЛИКА ОД СЕДЕЊЕ ДОМА, ЌЕ НАГРАДУВА СО ПО 100 ЕВРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Град Скопје секој ден ќе избира најдобра фотографија од седење дома, а наградата ќе биде 100 евра. Градот со ваквиот конкурс сака да ги поддржи препораките на Владата граѓаните да седат дома, за да се спречи натамошно ширење на КОВИД-19.

„Испратете ни автентична фотографија, видео или гиф од вашиот дом како го поминувате времето во изолација сами, со вашето семејство или со милениците, а Град Скопје ќе ги избира најдобрите секој ден и ќе доделува награди во висина до 100 евра. Помогнете им на здравствените работници, останете дома“, велат од Град Скопје.

Фотографиите можат да се испраќаат на Фејсбук страницата на Скопје дома.