МОНОДРАМАТА „ПРИМА ФАЦИЕ“ ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ ПРЕМИЕРНО ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечервв (18 мај) од 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес ќе се изведе монодрамата „Прима Фацие“. Улогата на Теса Енслер ја игра Сара Анастасовска, режијата е на Драгана Губин, изборот на музика е на Душко Вељановски, а преводот е на Благој Б. Бошковски. Претставата е во продукција на Здружението ТЕСА од Скопје.

„Прима Фацие“ е современ драмски текст од Сузи Милер, австралиска авторка и поранешна адвокатка. Текстот е правен трилер кој ја следи приказната на Теса Енслер, успешна адвокатка-бранителка, која многу често работи на случаи на полов напад, бранејќи ги обвинетите, сè додека еден личен настан не ја принуди да се соочи со системот во кој длабоко верувала. Претставата отвора значајни прашања за правдата, согласноста, моќта, родовата нееднаквост и односот помеѓу правната и личната вистина.

Претставата е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на владата на Швајцарија.

П. ПЕЧКОВ