На 23 јули во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи концертот „Намб – Трибјут за Пинк Флојд“, зад кој стојат познати музичари.
Организаторите најавуваат музичко уживање за обожавателите на легендарните „Пинк Флојд“ и велат дека посебен акцент е ставен на врвниот звук и сценскиот изглед. Настанот е дел од програмата на „С.О.С. фестивал 2026“, во организација на „Фреш јунион“. Влезниците се продаваат преку мрежата на wayin.mk.
Сличен концерт се одржа во 2019 година на истата сцена, а главен вокал беше Ѓоко Танески (фото).