МОРАВ ДА БАЛАНСИРАМ ВО МАШКИОТ СВЕТ, ВЕЛИ БИЈОНСЕ ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА НЕЈЗИНИОТ ФИЛМ „РЕНЕСАНСА“

САД, (Си-Ен-Ен)

Поп ѕвездата Бијонсе објави трејлер за нејзиниот претстоен концертен филм „Ренесанса“.

„Во овој свет во кој доминираат мажи морав да балансирам помеѓу мајчинството и моето присуство на сцената. Тоа само ме потсетува на тоа која сум вистински“, вели Бијонсе

Трејлерот ги носи гледачите зад сцената на нејзината распродадена турнеја од 57 концерти низ Европа и САД.

„Филмот го прикажува патувањето на Бијонсе на светската турнеја, од отворањето во Стокхолм до финалето во Канзас Сити. Турнејата на Бијонсе беше радост за повеќе од 2,7 милиони фанови“, се вели во описот на трејлерот.

Филмот „Ренесанса“ ќе игра во кината во САД од 1 декември.