Во Младинскиот парк во Велес синоќа се одржа мултимедијалниот и мултијазичен настан „Плачот“. На едночасовниот сценски настап се читаше поезија од албански, македонски и автори од други земји, во придружба на Сара Синани на виола и Гранит Алиу на гитара.

„’Плачот’ е замислен како колаж од поезија и монолози од драмски делови, а со видеоспотови во позадина создадени наменски за проектот. Сето тоа беше во придружба на музицирање на виола и гитара. Со овој проект се следат современи културни текови во светот, но и се афирмира културната разноликост во општината“, кажа авторот на проектот, дипломираниот актер Хетем Етеми.

Проектот „Плачот“ финансиски е поддржан од Министерство за култура.

П. ПЕЧКОВ