ХАРИСОН ФОРД НА 78 ГОДИНИ ПО ПЕТТИ ПАТ СНИМА КАКО ИНДИЈАНА ЏОНС

Лос Анџелес, (Индипендент)

Тринаесет години по последниот филм, 78-годишниот Харисон Форд по петти пат ја снима улогата на славниот археолог Индијана Џонс, овојпат со ѕведите Фиби Волер-Бриџ и Мадс Микелсен. По долги одложувања, снимањето почна минатата недела во Јоркшир и на социјалните мрежи веќе кружат фотографии од екипата на сет.

„Без разлика колку години има Харисон и колку добар или лош ќе излезе филмот на крајот, секогаш се радувам кога ќе го видам во костимот на Индијана Џонс“, вели еден обожавател.

Претходните четири филма ги режираше оскаровецот Стивен Спилберг, но за петтиот е задолжен Џејмс Менголд. Легендарниот композитор Џон Вилијамс повторно ќе работи на музиката. Спилберг останува во тимот како продуцент.

Премиерата се најавува за 29 јули 2022.