МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА ЈА ОТВОРА ТРЕТАТА ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА АФРИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Африкански лица“, изложбата на фотографии на Билјана Јуруковски, ќе се отвори вечерва во Музеј на Македонија во 20 часот.

Во фокусот на изложбата се портрети на припадниците на народот Сури, изолирана заедница која живее во југозападна Етиопија. Изложбата е и ретка можност да се запознае архаичната култура на овој народ.

Куратор на изложбата е Гоце Наумов, кој со неа ја заокружува трилогијата настани посветени на африканските култури, откако претходно во Музејот се одржаа и изложбите „Духовите на Африка“ и „Африка во Македонија“.