Неколку музички вечери ќе има на настанот, Недела на дизајн во Скопје, фестивалот за индустриски дизајн и дизајн на производи, ќе се одржи од 6 до 10 ноември во „Јавна соба“, Мала станица и во „Литература“ во „Дајмонд мол“.
На 6 ноември од 21 часот настапува Андријана Јаневска (фото) со џез квартетот. На 7 настап ќе има Зарина Првасевда на 8 „Рингтоунс“, а на 9 ноември настапуваат диџеите Јанг Деди и Димчуга.
Темата на настанот е чиста мобилност. Ќе има изложбен дел за компании, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца и музичка програма.
На 10 неомври во „Дајмонд мол“ за затварање на фестивалот од 16 часот сет ќе има диџеј Дарко Марковски.
„Целта на фестивалот е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, овојпат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и маркет, ќе има и трет повик целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје“, велат организаторите.