НА 31 ГОДИНА УГИНА НАЈСТАРОТО КУЧЕ НА СВЕТОТ

Португалија, (Гардијан)

На неверојатна возраст од 31 година и 165 дена угина најстарото куче на светот, кое со ваков статус влезе и во Гинисова книга на рекорди во февруари. Боби го поминал целиот животен век со семејството Кошта во селото Конкеирош близу западниот брег на Португалија, каде што и угинал на 21 октомври.

Боби беше чистокрвен рафеиро до алентежо, португалска раса чиј просечен животен век е меѓу 12 и 14 години.

Тажни сме поради смртта на Боби, најстарото познато куче на сите времиња“, соопштија од Гинисова книга на рекорди.

Боби бил регистриран во ветеринарната служба на португалската опшпина Леирија во мај 1992, а неговата возраст беше потврдена и од Националната унија на ветеринари на Португалија.

Тогаш осумгодишниот Леонел Кошта и неговите браќа го пронашле Боби во плиток гроб набргу откако бил роден и оттогаш бил член на нивното семејство. Во текот на својот живот, Боби никогаш не бил врзан и слободно лутал низ шумата околу куќата.