На 4 мај во 20 часот во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи промоција на поетската книга „Некој друг“, од Јовица Ивановски.
Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви.
Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.
Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).
(Фото: С. Димоски)