Од денес (31 мај) до 2 јуни студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) го организираат филмскиот викенд „Хај-Фај“.
Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти.
Од ФДУ велат дека платформата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци.
Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки филмови на колеги од Србија, Косово, Словенија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Средношколците и матурантите ќе може да се запознаат со овогодишните уписи за филмска режија, снимање и монтажа на ФДУ. И за крај музичка ОФФ програма каде, во улогата на диџеи ќе настапат Миа Ѓоргиевска, Лазар Христов и Јане Вељаноски и Марко Младеновиќ и Христијан Ристески.
Влезот за сите настани е слободен.
Фото: Архива на ФДУ