Повеќе од 600.000 гласачи го поддржале договорот со Грција за решавање на спорот за името на вчера одржаниот референдум. Сепак, на референдумот не беше достигнат потребниот цензус од 50%, бидејќи, според речиси целосните податоци што утрово ги објави Државната изборна комисија, на гласањето излегле само 36,8% од оние кои имаат право на глас.
- На референдумот се гласаше за прашањето „Дали сте за членство во Европската Унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името помеѓу Македонија и Грција“.
- На референдумот гласале вкупно 661.393 луѓе, што претставува излезност од 36,87%, недоволно за да се исполни цензус.
- 91,4%, односно 605.016 гласачи се изјасниле „за“, додека „против“ биле 37.312, односно 5,64%.
- Премиерот Зоран Заев изјави дека и тој и неговиот грчки колега Ципрас остануваат посветени на спроведувањето на Договорот од Преспа.
- Заев ги повика ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички партии да го поддржат Договорот во парламентот.
- Тој најави можност за предвремени избори, кон крајот на ноември, доколку Договорот не биде изгласан во Собранието.
- Вратата на НАТО останува отворена за Македонија, кажа генералниот секретар Јенс Столтенберг, а резултатите од референдумот ги поздравија и САД.