НАГРАДАТА „БЕЛИ МУГРИ“ ЗА ПОЕТОТ ЈОСИП КОЦЕВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Јосип Коцев е годинашниот добитник на наградата „Бели мугри“, што Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје ја доделува на автор дo 35-годишна возраст. Тој ја добива наградата за поетската збирка „Музеј на чувствата“.

Коцев е автор на книгите „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018).

„Музеј на чувствата“ ќе биде промовирана на 20 декември на манифестацијата „Денови“, што установата ја организира традиционално во чест на раѓањето на Кочо Рацин.