Неделата на полски филм, што почнува денеска во Кинотеката, целосно ќе му биде посветена на Кшиштоф Кјешловски, еден од најзначајните европски филмски автори во 20. век.

Почнувајќи со вечерашната проекција на „Три бои: Сино“, до следниот понеделник ќе можат да се погледнат осум филмови на Кјешловски. Програмата продолжува утре со „Три бои: Бело“, па следуваат „Три бои: Црвено“, кој имаше три номинации за Оскар, „Двојниот живот на Вероника“, „Без крај“, „Лузна“, „Киноаматер“ и „Случајност“. Сите проекции се од 20 часот, а влезниците чинат по 100 денари.

Кјешловски (1941-1996) има снимено 20-ина играни филмови, кои имаат освојувано награди на најпрестижните фестивали, а познат е и по ТВ-серијалот „Декалог“.