НАЈМЛАДАТА ДОБИТНИЧКА НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ИНСПИРИРА МНОГУ ЖЕНИ

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Естер Дуфло изјави дека нема да ја промени тоа што доби Нобелова награда за економија, откако стана нејзин најмлад лауреат во историјата. Четириесет и шестгодишната Французинка посакува ова да биде инспирација за голем број жени.

Дуфло ќе ја подели наградата од 918.000 долари заедно со својот сопруг Абхиџит Банерџи и со нивниот редовен соработник Мајкл Кремер за „нивната работа која драматично ја подобри нашата способност практично да се бориме против глобалната сиромаштија“, појасни Нобеловиот комитет.

Дуфло е само втора жена која добива Нобел за економија откако беше воведен пред 50 години.

„Покажувајќи дека е можно жена да биде успешна и да биде призната за тоа, се надевам дека тоа ќе инспирира многу, многу, многу жени да продолжат да работат и да добијат респект од мажите каков што заслужуваат“, изјави Дуфло.

Дуфло, Банерџи и Кремер се фокусираа на сиромашни заедници во Индија и Африка. Нивното истражување помогна да се види какви инвестиции се вредни да се направат и што може да има најголемо влијание врз животите на најсиромашните луѓе.

„Благодарение на едно нивно истражување, над пет милиони деца во Индија имаа придобивки од ефективни училишни програми. Тие се изборија и за големи субвенции за превентивна здравствена заштита во неколку држави“, соопшти Нобеловиот комитет.