„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака што „Скопско“ ја испрати за поддршка на македонските ракометари, кои ги чека настап на Светското првенство во Шведска и Полска, кое почнува на 12 јануари. По тој повод, „Скопско“ доби специјално дизајнирана амбалажа, посветена и инспирирана од нашите репрезентативци.
„Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, лансирани се специјално дизајнирани пакувања на ‘скопско‘ и ‘скопско смут‘, посветени на ракометот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија е веќе почната и ги содржи имињата, броевите и потписите на најистакнатите играчи од новата генерација ракометари, како и името на Кире Лазаров. ‘Скопско‘ има одговорност да ги поддржи овој моментум и нашите ракометари“, изјави Катерина Теовска, маркетинг менаџерка во „Пивара Скопје“.
Ракометарите ќе ги играат сите натпревари од групата Ф во Краков, а противници ќе им бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.