НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА СНИМИВ ДУЕТ СО ДАДО ТОПИЌ, ВЕЛИ ПЕЈАЧКАТА АНА ПЕТАНОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младата поп-пејалчка Ана Петановски сними дует со познатиот хравтски рокер Дадо Топиќ.

Песната се вика „Бисери во твоите очи“ (Бисери у твојим очима) за која музиката ја напиша Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманот е Стефан Петановски, братот на Ана Петановска.

„Многу се радувам и не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде реалност. Голема шанса за мене е да испеам песна заедно со Дадо Топиќ, растев со неговата музика, па овој дует е голема одговорност и секако предизвик. Неизмерно сум му благодарна на Копров, кој ми ја даде шанста. Кога ја слушнав песната ми поминаа морници, романтична е и многу моќна“, рече Ана Петановска.

Песната се снима во студиото на Душан Бачиќ во Белград. Дадо Топиќ беше гостин на фестивалот „Охрид фест“ во август и го испеа хитот „Македонија“.

Иако психологијата е нејзината вистинска професија, Ана Петановска е една од нашите најдобри млади поп-рок пејачки. Гостинка е на речиси сите концерти во Операта последниве години.

Во април, таа настапи на фестивалот „Белградска пролет“ со песната „Балада за ангелот“, а пееше и на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват, Црна Гора, со песната „Љубовта секогаш победува“. И двете песни се од истите автори како и дуетот со Дадо Топиќ, Корпов- Бачиќ-Петановски.

„Психологијата беше некако избор својствен за онаа изрека ‘до последен момент ќе се премислуваш и на крај на лето ќе се одлучиш’. Секако знаев дека сакам да продолжам со пеењето на кој било начин, но не бев сигурна за студирање музика, па така оставив времето да покаже. Иако музиката ми е повеќе од драгоцена и е моја иницијална желба за студии, сепак, на крајот се одлучив за психологија“, ни рече претходно Петановска.

М.ЏАРОВСКА