Фолк легендата Мухарем Сербезовски доби награда за животно дело на „Златна бубамара на популарноста“, сношти (19 февруари) во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Јас сум скопјанец од Топаана и цел живот си давам за право да го промовирам мојот роден крај насекаде. Уште од мал многу ве влечеше читањето и од Циган станав најпопуларен пејач и академик“, рече Сербезовски, кој живее во Сараево.
Тој има издадено седум романи и рече дека е горд што дел му се преведени и на ромски јазик и со нив ја промовира ромската култура. Ги има преведено Коранот, Библијата и Стариот завет на ромски јазик, а неговите дела се преведени на осум јазици. Член е на Босанското академско друштво во Австрија.
„И Србија и Босна и Херцеговина ме прогласија за академик. Упатувам апел до МАНУ да размисли оваа титула да ја добијам и во мојата земја“, рече Сербезовски.
М. ЏАРОВСКА
Фото: К. Попов